Е.ЗАХАРИЕВА: СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕС НА БУГАРИЈА Е БРЗИОТ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ
„Се надевам дека Бугарија ќе биде една од првите земји што ќе го ратификуваат протоколот за влез на Македонија во НАТО“- изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева пред бугарската државна телевизија БНТ.
Таа подвлекува дека брзата ратификација на протоколот за Македонија е дел од стратешките интереси на Бугарија.
„Бугарија има интерес Македонија да биде наш сојузник во НАТО и Европската Унија“- вели уште Захариева.