А.НИКОЛОСКИ ВО ВАШИНГТОН ИНФОРМИРАЛ ЗА ВИСОКОТО НИВО НА КОРУПЦИЈА НА ВЛАДАТА
Во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средби со Лук Кофи – директор за меѓународна политика на фондацијата Херитиџ, Метју Палмер – заменик помошник Секретар во Стејт Департментот, Пол Мекарти – директор за Европа во Меѓународниот Републикански Институт и Јан Ерик Суротчак – директор за трансатлански стратегии на Меѓународниот Републикански институт. На сите средби Николоски ја нагласи потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО.

Работната посета на Вашингтон ја покажува посветоноста на ВМРО-ДПМНЕ кон градење близок и партнерски однос со САД како стратешки партнер на Македонија, велат од опозиционата партија.