|

Јахоски: „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво

Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, во изјава за ТВ 21, соопшти дека неговата компанија ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта за автобусите.

„Нема да има прекин на градскиот превоз. „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво и покрај долгот од над 10 милиони евра што го има кон нас“, изјави Јахоски.

Сопственикот на „Пуцко петрол“ изрази мислење дека Градот Скопје не управува правилно со претпријатието ЈСП, бидејќи истото е заглавено во долгови.



Слични Објави