|

Денеска и утре скрининг на населението во Трубарево и околината

Министерството за здравство, во партнерство со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, денес и утре (24 и 25 септември) организира превентивни здравствени прегледи за жителите на Трубарево и околните места, поради неодамнешниот пожар во објект за електронски отпад.

Министерот Азир Алиу објави дека скринингот ќе го спроведат две специјализирани екипи со амбулантни возила, а прегледите ќе бидат достапни за сите заинтересирани граѓани. Најмногу внимание ќе се посвети на лицата кои веќе имаат респираторни тегоби или симптоми што можат да укажат на заболувања на дишните патишта.

Во рамките на акцијата се планираат целосен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и дополнителни испитувања според потребата. „Нашата цел е да обезбедиме врвна здравствена грижа за сите граѓани. Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиниката за пулмологија, појасни министерот Алиу.

Директорот на Клиниката, Оливер Зафировски, додаде дека оваа акција претставува позитивен пример за грижата кон населението и потсети дека здравјето на граѓаните е приоритет број еден.



Слични Објави