| | |

Убиствата без суд и пресуда во Прилеп, по влегувањето на партизаните во градот во 1944 г.

Христо Михајлов

Уште со своето прво влегување Темповите сатрапи и неговите домашни прислужници (носители на “боречки пензии”) во Прилеп, на 9-ти Септември 1944 година,  започнаа да се разлистуваат и најтажните страници од прилепската историја во поново време. Жедни за македонска крв и под непосредна команда на Светозар Вукмановиќ Темпо, во чии казнени одреди имаше најмногу срби, црногорци, домашни србомани и по некој заблуден македонец, ја имаа првата и основна задача, конечно да се пресметаат по крвав пат, со сите оние прилепски граѓани кои што не биле на неговата линија, продолжувајќи го делото на бугарскиот идентитет од своите постари предци.

Симптоматично е тоа што од исказите на постари прилепчани, меѓу џелатите биле тогаш препознавани и некои нивни сограѓани кои што во кралската Југославија ревносно работеле за т.н. Црна Рука. Всушност Темповите злодеи на местото на кокардите си прикачиле привремено по една црвена петокрака, во чиј прилог ни говори и фактот што по џебовите на божемните пролетерски револуционери биле забележувани и снимки на Петар Караѓорѓевиќ и онаа на Дража Михајловиќ!

Македонските патриоти од Прилеп биле ѕверски ликвидирани најчесто на подол начин со измама, без никаков суд а уште помалку пресуда. Најчесто бизарен повод им бил шаблонскиот израз “соработници на окупаторот, ванчомихајловисти“, а со посебна јарост биле убивани т.н  шарловисти, прилепчани кои што за време на Втората световна војна, застанале на страната на коминтерновскиот агент, прилепчанецот Методи Шатотов Шарло,  најостриот противник на Темпо.

После првите жестоки  убиства и настрвеност на територијата на Прилеп,  србокомунистите како да се освестиле, па започнале дури и да организираат и по некој судски процес, за што посведочува и самиот тогашен новооснован весник “Нова Македонија“  во бројот 92 од 1945 година каде што ни се соопштува  дека воениот суд во Прилеп осудил на смрт со стрелање 10 видни граѓани чии што имиња  подолу се наведени. Можно е да има некаква грешка во овој напис, веројатно и грешка во написот на “Нова Македонија“, во именувањето на жртвите,  па би требало, таканаречените прилепски борци  да реагираат и пројават малку човечност, доблест и трунка македонски патриотизам.

Впрочем, во овој момент а веројатно и понатака, нема кој да им побара сметка за нивните злодела. Ако низ Прилеп сѐ уште се шпекулира каде би можеле да бидат закопувани после стрелањата и убиствата, некои од наведените жртви на овие злодела. Учесниците сигурно го знаеле и местото, локацијата на нивното погребување. Се знае дека извесно време биле чувани во куќата на Шајкара и дека биле на најсуров начин измачувани. Во овој момент, никој од нас не е меродавен да обвинува никого, само се дава повод за испитување на прилепскиот случај, а за вмешаноста на (не)именуваните, Господ знае и гледа…

На крај да напоменеме дека списокот што следува подолу во никој случај не е конечен, најмногу се оперира со цифрата од околу 50 убиени лица од Прилеп и неговата околина. Би бил задоволен ако ме демантираат со некое ново име и презиме во списокот на жртвите или пак “заслужните борци“ изненадат ако кажат дека некој од нив е сѐ уште жив, или пак во најлош случај речат дека именуваниот тој и тој бил “прегазен од авион“, а не стрелан од тогашната болшевичка власт.

Но, треба да се знае и запамети,тие гадости од србокомунистички “пориви“, гордиот Прилеп никогаш нема да ги заборави, и уште помалку прости!  

                                                                    СПИСОК

  1. Јордан Чкатров, прв основател на македонската емиграција во Америка (умрен во затворот Идризово, малтретиран и изгладнуван, гробното место не му се знае)
  2. Димитар Чкатров, неговиот помлад брат, член на ММТРО, правник долгогодишен осуденик по србските зандани, стрелан на Зајчев Рид, заедно со Димитар Ѓузелов, гробот не му се знае. 
  3. Милан Ѓурлуков долгогодишен поилинденски војвода од с. Кривогаштани 
  4. Јордан Дебеломесов 
  5. Киро Дебеломесов, татко и син по убедување на шарловисти и водачи на групата прилепски комунисти кои што му давале жесток отпор на Темпо 
  6. Димче Топличанец нивен соидејник 
  7. Мице Корубинов 
  8. Александар Хаџиздравев правник 
  9. Христо Иванов Срчарот (познат како Ицко Тамбурката)
  10. Никола Стојанов Кољо (Мамин Кољо)
  11. Добре Думбалов 
  12. Георги Сливјанов професор по германски јазик 
  13. Пецо Чесновски 
  14. Сотир Узунов 
  15. Стефан Хаџимитрев 
  16. Тале Мијаков Јовановски од село Топлица, обесен затоа што бил селски кмет 
  17. Васил Велков Дамевски убиен заради тоа што бил бугарски шумар 
  18. Трпко Киров 
  19. Трајче (презимето непознато) по занает електричар од с.Селце 
  20. Коце Ќуркчиев 
  21. Илија Ристески Лажо 
  22. Мирко Симоновски 
  23. Илија Оровчанец 
  24. Ицко Радески 
  25. Георги Зојчев 
  26. Хаџиилиоски 
  27. Кузе од село Тројаци 
  28. Дончо Северков 
  29. Панчо Хаџиздравев 

Слични Објави