| |

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева ќе биде еврокомесар од Бугарија во тимот на Урсула Фон дер Лајен

Eкатерина Захариева е избрана од Урсула фон дер Лајен за еврокомесар од Бугарија, јавува БГНЕС.

Премиерот Димитар Главчев испрати писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое се финализира постапката за предлагање кандидат за еврокомесар од Бугарија, соопшти владината прес-служба.

Преписката на премиерот е одговор на писмото на Урсула фон дер Лајен, во кое таа се заблагодарува на бугарската влада за двете предложени кандидатури и по интервјуата со кандидатите, бара премиерот Главчев официјално да ја именува Екатерина Захариева како единствен бугарски кандидат.

Премиерот Димитар Главчев како одговор на писмото на претседателот на Европската комисија и официјално го претстави името на Екатерина Захариева како кандидат за еврокомесар од Бугарија.

БГНЕС потсетува дека Екатерина Захариева влезе во големата политика со првата влада на ГЕРБ, кога беше заменик министер за регионален развој. Таа подоцна се пресели во Претседателството откако Росен Плевнелиев стана шеф на државата. Двапати беше министер во службените влади именувани од Плевнелиев, вклучително и во Министерството за регионален развој и урбанизација.

Во третата влада на Бојко Борисов, Захариева 4 години беше на чело на бугарската дипломатија.

Слични Објави