ДЕНОТ КОГА ХИТЛЕР ТРЕБАШЕ ДА УМРЕ

//

Офицери на Вермахтот планираа атентат врз Адолф Хитлер. Но, на 20.07.1944, тој преживеа, а офицерите завршија пред суд. Мина долго време пред нивниот обид за пуч да наиде на поддршка кај Германците.

Deutschland 75 Jahre Attentat auf Hitler (picture-alliance/dpa/H. Hoffmann)
Институтот „Аленсбахер“ во летото 1951. година објави една многу важна анкета на тема – што мислите за настанот од 20. јули 1944. година? Резултатот на анкетата покажа дека само една третина од испитаните Германци имаат позитивно мислење за жените и мажите кои се обидоа да го соборат од власт Хитлер и неговиот режим. Уште во 1956. година поголемиот број граѓани на Германија се изјаснија против именување на едно училиште по Клаус фон Штауфенберг – неуспешниот атентатор на Адолф Хитлер.

Со други зборови, на Германците им требаше долго време да им одадат признание на членовите на отпорот и планираниот атентат. Она што денес се подразбиира само по себе, во „реалноста е всушност резултат на еден долг и многу сложен процес“, напиша Јоханес Тухел, раководител на „Меморијалниот центар на германскиот отпор“ во Берлин. Тој наведува дека многу работи на почетокот се игнорирани, потиснувани и заборавени.

Атентатот на Адолф Хитлер на 20. јули 1944. година беше најважниот обид за негово симнување од власт во текот на владеењето на нацистите. Членовите од групата на отпорот беа припадници на германското племство и водечките кругови на германската армија – Вермахтот. Офицерот Клаус фон Штауфенберг се обиде да го убие Хитлер со поставен експлозив во неговиот главен штаб. Но, диктаторот преживеа, а државниот удар заврши со неуспех. Фон Штауфенберг е убиен веќе следната ноќ – а во деновите кои следеа и стотина други кои нацистите можеле да ги доведат во врска со атентатот.



Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Deutsche Welle

Претходна статија

ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА-ЕВЗОНИ

Следна статија

637 ИЛЈАДИ ЕВРА ГОДИШНО СЕ МНОГУ МАЛКУ ЗА ТОЛКУ БЛЕСКАВА ТВ КУЌА

Најново од Вести