РЕМЕНСКИ ИЗЈАВИ ДЕКА НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

//

Пратеничката Фросина Ременски откако даде исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за случајот „Рекет“ во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар, јавува ТВ24. Се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, вели, таа е невина.

-Сакам да направам разграничување помеѓу случајот „Рекет“ воден против тројцата осомничени и за случајот за кој обвинителството највува истрага во однос на делување на Меѓународниот сојуз, рече Ременски на излегување од Судот.

Таа додаде дека се побарани мерки за неа и оти очекуваат одлука.



Во врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека ако некое лице биде осомничено, обвинето или слично, ќе биде времено отстрането од партијата, Ременски истакна дека ќе ја почитува секоја одлука.

Воопшто не сум му лута на лидерот Заев, вели таа и додава дека во погрешен контекст била пренесена неговата изјава.



Претходна статија

РЕМЕНСКИ ДАДЕ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“ СЕ ЧЕКА ОДЛУКАТА НА СУДИЈКАТА

Следна статија

УАПСЕНИ НАРКОДИЛЕРИ ВО ГОСТИВАР И СКОПЈЕ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да