СОСТОЈКА ВО ПАСТИТЕ ЗА ЗАБИ ПРЕДИЗВИКУВА ДИЈАБЕТЕС ТИП 2

//

Научници од Универзитетот во Тексас во САД открија дека супстанца, што се  содржи во пастата за заби и во козметиката, може да предизвика дијабетес тип 2. Нивните истражувања се објавени во списанието Chemical Research in Toxicology.

Во написот се забележува дека ова хемикалија е широко распространета во прехранбената индустрија и козметологијата поради својството да дава снежно бела боја на објектите.

Својствата на титаниум диоксид Е171 стануваат познати во средината на дваесеттиот век, кога тој ги заменува штетните бои на база на олово, а во 70-тите години неговото производство станува масовно. Од тогаш, според научниците, бројот на заболувањата од дијабетес тип 2 се зголемил за четири пати. Поради таа причина тие мислат дека таа хемикалија може да биде поврзано со дијабетесот.



Дијабетес тип 2 болест што се развива како резултат на намалена чувствителност на ткивата кон дејството на инсулинот. До денес над 422 милиони луѓе во светот боледуваат од дијабетес, а 90% од нив имаат дијабетес од тип 2.

Претходна статија

ПРАТЕНИЦИТЕ КОНЕЧНО СИ ГИ НАМАЛИЈА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

Следна статија

МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО ВО МАЛА ПРЕСПА , АЛБАНИЈА

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот