| |

ПРАТЕНИЦИТЕ КОНЕЧНО СИ ГИ НАМАЛИЈА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

Собранието со 79 гласа „за“ ги изгласа во второ читање измените на Законот за пратениците со кои се предвидува намалување на износот кој го добиваат пратениците за патни трошоци. Според измените наместо 30% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар, пратениците од сега ќе добиваат 20 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото.

Освен тоа согласно измените на Законот на пратениците им се овозможува и надоместок за закупнина на стан во Скопје.

Пред донесување на измените немаше пратеници пријавени за збор и немаше амандмани, па претресот се заврши без никакви пролонгирања.

Така и со останатите закони кои се разгледуваат на денешната седница. Законите се носат без расправа и со гласовите на опозицијата додека трае лидерската средба во Клубот на пратеници.

Потсетуваме дека претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев пред околу две недели во свој напис даде предлог за решавање на овој проблем :

„1.Може со предвидените близу милион евра во буџетот на Собранието на годишно ниво, со два или три буџети да се изградат згради со станови кои да ќе се користат од пратениците. Така е во многу европски земји.

2. Може Собранието да набави 6 микробуси со по 20-25 места кои ќе ги пушти на редовни линии од изборните единици до Собранието и обратно. Така патуваат и моите родители на работа, татко ми во едно јавно предпријатие кое е во катастрофална состојба, но тоа е друга тема, а мојата мајка во приватна конфекција. И тука не гледам никаква трагедија. Илјадници луѓе во земјава патуваат со организиран транспорт на работа.

3. Но ако на некој од народните избраници не му се допаѓаат условите за патување, може слободно да си патува со личниот автомобил за лична сметка, секако платите им се доста високи и можат да си го дозволат тоа. Исто на овој начин патуваат доста наши сограѓани на работа.

4. Се разбира ако и ова не е во ред, тогаш можат слободно да си изнајмат стан во главниот град. Кириите гледајќи им ги личните примања кои се многу над средните во нашето општество, нема да се огромен проблем.“

Слични Објави