ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЕМЕЈСТВОТО НА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ЧИКАТИЛО ПО НЕГОВАТА ЕГЗЕКУЦИЈА
Mалкумина знаат што навистина се случува со семејство серискиот убиец Андреј Чикатило по неговата егзекуција во 1994 г. Патем, интересен факт е дека Чикатило има две деца и жена. Со својата сопруга Феодосија се запознал во 1963 година. Сè се случува благодарение на една пријателка на сестрата на Андреј. По неколку месеци, двајцата потпишале брак, откако претходно не успеале да ја конзумират својата врска. Првата брачна ноќ исто така не може да се смета за успешна. Феодосија признава дека била изненадена од недостатокот на сексуална моќ, но верувала дека Андреј бил само засрамен и не можел да се опушти.
Во ретки случаи кога Андреј ќе одлучувал да биде интимен со својата сопруга, шансите да имаат деца биле незначителни. Нивниот најстар син починал на возраст од осум месеци. Во 1965 година се раѓа нивната ќерка Људмила, четири години подоцна на бел свет се појавува и нивниот син Јуриј. Феодосија повторно останала бремена, но абортирала од едноставна причина што повеќе не сакала да има деца, бидејќи семејството не можело да ги храни. Поради фактот што Андреј страдал од предвремена ејакулација, децата биле зачнати со прсти потопени во неговата сперма. И покрај темните тајни скриени под јорганот, Чикатило според тогашните стандарди бил идеален сопруг. Не пиел, не пушел, ги чувал децата и штедел пари за нов автомобил Москвич.
Чикатило ја користел како изговор работата за да исчезнува од дома на подолги периоди. Следуваат отпуштања, најпрво од интернатот каде што работел како главен наставник, потоа и од стручното училиште. И за двата случаи за бркањето има иста причина – Андреј ги малтретирал своите ученици. Пред Феодосија се оправдувал дека бил жртва на интриги и дека бил бркан од своите работни места без причина. Овој изговор успевал извесно време, но подоцна и самата Феодосија е сфатила дека работите не се толку едноставни и се посветила целосно на своето семејство за да го спаси.
Таа неуспешно се обидува да го натера својот сопруг да побара лекарска помош. Тој не и обрнувал никакво внимание. Тоа продолжува се до моментот кога Феодосија дознава дека била во брак со монструм.
Еден ден ја повикуваат во полициска станица и и покажуваат видео на кое нејзиниот сопруг ги носи полицајците до еден од гробовите каде што закопал една од своите жртви.
Во еден од малкуте случаи кога таа успеала да се сретне со Чикатило, за време на судскиот процес го прашала зошто ги направил овие ужасни работи, а тој и одговорил дека таа била во право кога го молела да отиде на лечење, но за жал тој не ја послушал.
Што се случува по егзекуцијата? Семејството го менува презимето. Феодосија го менува своето презиме од Чикатило во Одначев, истото го прават и децата. Во тоа време, сопругата веќе работела како директорка на градинка. Набргу по погубувањето на Чикатило, Феодосија и децата го напуштаат родниот град. Сите се селат во Харков.
Таа работи на мал пазар и продава зеленчук. Нејзиниот живот завршил во 2005 година. Ќерката Људмила се разведува од сопругот како резултат на големиот број закани што ги добивала, се мажи повторно и раѓа второ дете. Во моментов Људмила има над 50 години, но ревносно го чува својот живот и се обидува да избега што е можно подалеку од минатото.
Јуриј Чикатило бил повикан во војска кога неговиот татко бил уапсен. Неговото досие вклучува тепачка, рекет, грабеж, обид за убиство, киднапирање девојче, смртни закани и други криминални активности. Вкупно поминал околу 12 години во затвор, но тоа не го спречува да го користи името на татко си што е можно повеќе. Тој сака да емигрира во САД за да напише книга за Чикатило.
До денес тој тврди дека неговиот татко не ги извршил сите наводни убиства, туку бил обвинет од системот што го осудил. Јури во моментот е на слобода и честопати вели дека властите се обидуваат да му го припишат проклетството на неговиот татко.