| |

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ „СОЛИДАРНИ ВАКЦИНИ“ ОД ЕУ

Бугарија е една од петте земји-членки на ЕУ што можат да добијат вкупно 2,86 милиони „солидарни вакцини“ од „Фајзер“ и „Бионтек“. Предлогот е даден од страна на португалското претседателство, а го објави изданието „Политико“, пренесува БНР.

Вакцините се дел од вкупно 10 милиони дози кои се очекува да бидат дистрибуирани во следните недели.

Освен за Бугарија, „солидарни вакцини“ ќе има за Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка – петте земји што нарачале најмалку дози. Тие се наведени и како земји во нужда бидејќи вакцинирале помалку од 45 проценти од возрасната популација.

Вакцините мора да бидат примени до крајот на вториот квартал од годината.

Предлогот беше испратен доцна вчера до постојаните претставништва на земјите-членки во Брисел.

Слични Објави