| |

Бугарија и Франција ја продлабочуваат соработката во вселенските технологии

Бугарија и Франција отвораат можности за подлабока соработка во високите технологии и вселенскиот сектор, изјави бугарскиот премиер Румен Радев во Париз, по потпишувањето меморандум за разбирање меѓу „ЕндуроСат“ и „Аријанспејс“, јавува БГНЕС.

Документот беше потпишан во Елисејската палата во присуство на Радев и францускиот претседател Емануел Макрон, во рамките на Меѓународниот самит за вселенски прашања, на кој учествуваат над 2.000 претставници и близу 120 делегации.

„Овој документ ѝ дава можност на Бугарија да го заземе своето достојно место во европскиот вселенски екосистем“, изјави Радев. Тој истакна дека бугарската компанија „ЕндуроСат“ веќе инвестира во Франција и ќе може да користи француски ракети за лансирање на своите сателити.

На средбата Радев и Макрон разговарале и за продлабочување на билатералната соработка во високите технологии, економијата, инвестициите и науката. Бугарскиот премиер во Париз се сретна и со генералниот директор на Европската вселенска агенција, Јозеф Ашбахер.

Слични Објави