УБАВА ВЕСТ: СЕДУМГОДИШНАТА РУМЕСА ОД КОСОВО ЈА ПОБЕДИ ЛЕУКЕМИЈАТА

/

Седумгодишната Румеса од Косово денес си замина од Детската клиника во Скопје. Се лекуваше од акутна лимфобласна леукемија, го заврши интензивниот дел од терапискиот протокол и постигна комплетна ремисија што значи болеста се стави под контрола.

„Во ова време кога сите стравуваме за своето и здравјето на децата, на нашите најблиски, не е сè така неизвесно и лошо. Денес се радуваме на една прекрасна херојка, има супер вест ! Нашата пациентка Румеса, здрава ја праќаме дома! Таа ја победи леукемијата и срамежливо заѕвони на нашето ѕвонче“, објави на Фејсбук Детската клиника.





Претходна статија

БУГАРСКИ ДОКТОР СМИРУВА: ОКОЛУ 80% ОД ЛУЃЕТО ЌЕ ГО ПОМИНАТ КОВИД-19 БЕЗ ПОТЕШКИ СИМПТОМИ

Следна статија

ПАЦИЕНТКА НЕГАТИВНА НА КОВИД19, ПРЕНЕСЕНА МЕЃУ ЗАРАЗЕНИ ОД ОВОЈ ВИРУС ВО ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА СКОПЈЕ

Најново од Вести