ВО АВСТРИЈА ПРИСТИГНАА НАД 200 НЕГУВАТЕЛКИ НА СТАРИ ЛИЦА ОД РОМАНИЈА И БУГАРИЈА

/

Двеста и триесет и еден негуватели, главно жени, од Бугарија и Романија пристигнаа во австриската престолнина Виена за да се избегне недостатокот на луѓе кои да се грижат старите и болни луѓе во Австрија, јавува АФП.

Секторот за нега на стари и болни лица во Австрија е зависен од негувателите, кои најчесто доаѓаат од Централна и Источна Европа.

Негувателите што пристигнаа во Австрија се сместени во превентивна изолација во хотели. Нивните хотелски трошоци и нивните авионски билети се на товар на властите на австриската провинција Долна Австрија, каде што подоцна ќе работат меѓу четири и шест месеци, изјави претставник на локалната власт.





Претходна статија

ПАЦИЕНТКА НЕГАТИВНА НА КОВИД19, ПРЕНЕСЕНА МЕЃУ ЗАРАЗЕНИ ОД ОВОЈ ВИРУС ВО ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА СКОПЈЕ

Следна статија

БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ВО ГЕРМАНИЈА ПОМИНА 60 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ

Најново од Вести