КОЛКУ ВРЕМЕ КОРОНАВИРУСОТ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ ВО ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО

Коронавирусот може да живее во човечкото тело 5 недели по инфекцијата, тврдат научници од Кинеската академија за медицински науки. Научниците откриле дека коронавирусот е во состојба да остане во телото до 37 дена.

Според експертите, добиените податоци се важни за корекција на режимот на карантин и постапката за третман на заразени лица од коронавирус.

Потсетуваме дека според препораките на Светската здравствена организација, периодот на изолација по инфекцијата со коронавирус треба да биде 14 дена.



Слични Објави