30 милиони долари донирал анонимен маж во турската амбасада во САД
Анонимен маж во Соединетите Американски Држави донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија, изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој ја објави веста во саботата на Твитер.
Шариф објави дека донаторот е Пакистанец.
„Длабоко трогнат од примерот на анонимен Пакистанец кој влезе во турската амбасада во САД и донираше 30 милиони долари за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија“, напиша премиерот на Твитер.
„Ова се толку величествени дела на филантропија кои му овозможуваат на човештвото да триумфира над навидум непремостливите околности“, додаде Шариф.
Турската државна новинска агенција „Анадолија“ ја потврдила веста.
