|

Две лица спасени речиси 150 часа по земјотресот во Турција

Турските и романските спасувачки тимови извлекоа 35-годишен маж од урнатините во турската провинција Хатај, 149 часа по разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.

Од урнатините е спасено и девојче, кое 146 часа било под урнатините, јавува „Анадолија“.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека, според последните информации, во таа земја загинале 24.617 лица.

Досега е потврдено дека во Сирија загинале 3.575 лица, па вкупниот број на жртви во двете земји е зголемен на 28.192, пренесува „Танјуг“.



Слични Објави