| |

Желјазков: Бугарија мора да се врати во центарот на политичките процеси во Европа

Новиот бугарски премиер Росен Желјазков разговараше за предизвиците со кои се соочуваат Европа и Бугарија со бугарските европратеници од сите политички групи во Стразбур, јавува БНР.

Премиерот денеска се сретна со претставниците на Бугарија во Европскиот парламент пред почетокот на разговорите со шефовите на европските институции.

„Бугарија мора да се врати во центарот на политичките процеси во Европа“, нагласи премиерот. Тој истакна дека неговата сегашна посета на Стразбур, која е и негова прва посета во странство, откако ја презеде функцијата, има за цел со практични активности да ја зајакне јасната припадност на Бугарија кон европското семејство.

Слични Објави