Европа се обновува низ силна ЕУ
Ивон Величковски
Поразот на Орбан е повеќе од партиски и личен – тоа е пораз на цел еден правец.
Во овие 16 години, Fidesz и Орбан тргнаа од ALDE “либерали”, па преминаа во EPP “конзервативци” пред да завршат во корпоративен авторитаризам и официјална прегратка со Путин.
Обидот за пресликување на унгарскиот модел во ЕУ не успеа во Полска, а тековно наидува на отпор во Словачка и Чешка.
Политичко Скопје на сите “конзервативци”, “социјал-демократи”, “либерал-демократи” и “левичари” финансирани со децении од “штифтунзите” – сега дел “молчи”, дел “слави”.
Но тоа политичко Скопје не смее да признае дека реплицирањето на Орбан прекина откако првата линија на источната одбрана на ЕУ покажа политичка, безбедносна и институционална доследност на потегот Бугарија, Романија, Молдова, балтичките земји и Украина.
Зарем случајно медиумите на македонски не ја третираа веста за излезот на Молдова од Заедницата на Независни Држави, преку која ЗНД Русија таму стационираше своја војска 35 години наназад?
Политичко Скопје на традиционалните македонски партии во Собранието мора да молчи дека Русија ги активираше своите политички проксија на европско тло во заднината на првата одбранбена линија на ЕУ (и НАТО).
Затоа, падот на Орбан не е значи дека работата е завршена.
Руските проксија од Бањалука преку Белград до Скопје сега се принудени да се активираат во и преку сите традиционални партии.
Дали Брисел ќе продолжи да ги финансира со “претпристапни фондови”, а Вашингтон да ги толерира со официјални средби и пристап “give them benefit of the doubt” – останува да видиме.
Но не и да толерираме.
