ДЕНДИАС И ЗАХАРИЕВА РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

//

Министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија, Никос Дендиас и Екатерина Захариева, телефонски разговарале за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Ова денеска го објави на Твитер, Дендиас, нагласувајќи дека разговорите се дел од континуираните контакти со неговите европски колеги во пресрет на состаноците на Советот на министрите за надворешни работи и Советот на ЕУ.

„Телефонски разговарав со заменик-претседателката на владата и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во пресрет на Советот за надворешни работи на ЕУ и Европскиот совет. Детална дискусија за последните случувања во Источниот Медитеран и поширокиот регион. Ви фокусот, исто така, е и ЕУ-перспективата на Западен Балкан“, напиша Дендиас на Твитер.



Претходна статија

ОД КОРОНА ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЖИСКАР Д’EСТЕН

Следна статија

КАНАБИСОТ ОТСТРАНЕТ ОД СПИСОКОТ НА НАЈОПАСНИ ДРОГИ НА ОН

Најново од Вести