КАКВО ВРЕМЕ ДОЈДЕ МИЛОШОСКИ ГО ФАЛИ ЦРВЕНКОВСКИ

//

„Република Македонија имала многу претседатели, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски… и никој не потпишал ваков договор кој ја доведува државата во потчиената положба. Тоа е најголемото предавство на оваа влада – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференцијата која ја одржа пратеничката група откако Собранието го изгласа законот за ратификација на договорот со Грција да се донесе по скратена постапка. Според Милошоски со ваквиот договор Македонија самата ја поништува и суспендира меѓународно-правно валидната пресуда од судот во Хаг која беше во наша корист.  Тој најави дека нивната пратеничка група ќе ја напушти работата на Собранието, но не знае дали нема да се појавуваат само на седниците на кои ќе се расправа за договорот со Грција или и на сите останати седници. За тоа, рече Милошоски, дополнително ќе одлучувале партиските органи.

 

 

 





Претходна статија

НА ЈАНКЛОСКА ЌЕ И СЕ СУДИ ОДВОЕНО ВО „ТАРГЕТ-ТВРДИНА“

Следна статија

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЈА ПРИМИ ЗАМЕНИЧКАТА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОН И ИЗВРШНА ДИРЕКТОРКА НА УНОПС ГРЕТЕФАРЕМО: ДА ГО ИСКОРИСТИМЕ ПОЗИТИВНИОТ МОМЕНТУМ НА РЕШАВАЊЕТО НА ДОЛГОГОДИШНИОТ МАКЕДОНСКО-ГРЧКИ СПОР

Најново од Вести