БИТОЛЧАНЕЦ ПОЧИНА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА- НЕОФИЦИЈАЛНО ПРЕД ДВЕ НЕДЕЛИ СЕ ВРАТИЛ ОД СТРАНСТВО
Битолчанец, на околу 60 годишна возраст, вчера попладнео е најден мртов во стан на улицата „Димче Лахчански“. Не се исклучува можноста причина за смртта да е Ковид 19.
Според непотврдени информации починатиот пред петанесетина дена се вратил од странство и потпишал изјава за самоизолација. Оттогаш тој бил во станот во кој е пронајден.
Според првичните информации тој неколку дена не одговарал на повиците на соседите па тие одлучиле да повикаат полиција бил во двонеделна самоизлација, но се уште не се знае причината за неговата смрт.
На местото на настанот биле повикани и битолските пожарникари, кои дошле без соодветна опрема и одбиле да влезат во станот на починатиот. Тоа го сториле полициските службеници кои заеднио со медицински тим, опремени и облечени во скафандери влегле во станот и пронашле безживотното тело на човекот.


