Стефанов: Руското министерство за култура го забрани прикажувањето на филмот „Глад“, кој раскажува за големиот глад во регионот на реката Волга во периодот 1920-1922 г.
Министерството за култура на Русија го забрани прикажувањето на филмот „Глад“ поради револтирани граѓани – само неколку часа по неговата премиера, објави долгогодишниот дописник на Бугарското национално радио од Москва Чавдар Стефанов на социјалната мрежа Facebooк.

„ Филмот раскажува за повеќе од 5-те милиони жртви на масовниот глад во регионот на реката Волга во 1920-1922 година, кога дури дел од Бугарија испраќала помошти. Филмот раскажува и за канибализмот…“, пишува Стефанов.
„Тројцата автори Александар Архангелски, Максим Курников и Татјана Сорокина, кои го започнаа снимањето на филмот пред околу 10 години, дури сега се присетуваат на тешкотиите во последните години во Русија, изјавувајќи:
„Луѓе кои не ја сакаат историјата на својата земја лесно плукаат по предците“.
Ова е вистината и за Русија, раководена по најнеталентираниот чекистски начин од Путин и неговите блиски чекисти. Голем е срамот за неговите бугарски „чирлидерки“!, пишува Стефанов.