| |

БУГАРСКИ ДОКТОР СМИРУВА: ОКОЛУ 80% ОД ЛУЃЕТО ЌЕ ГО ПОМИНАТ КОВИД-19 БЕЗ ПОТЕШКИ СИМПТОМИ

„Граѓаните треба да се смират. Немојте да мислите дека ако се разболите од Ковид-19, треба да си барате место во „Орландовци“ (населба во Софија каде што има гробишта).- изјави во емисијата „Лице во лице“ доц д-р Атанас Мангаров, член на здравствениот совек кон бугарската влада.

Според докторот речиси сите граѓани е можно да се заразат и повеќето од нив (околу 80%) ќе ја поминат болеста без некакви потешки симптоми.

„Сите пациенти кои во моментот се наоѓаат на респираторни машини се со придружна болест. Тие луѓе треба да се пазат и да не се мешат со многу народ“, објаснува доктор Мангаров.

„Овој нов вирус ќе помине низ целиот свет. Граѓаните да престанат да мислат дека ќе умрат! Тие нема да умрат “, заклучува д-р Мангаров.

Слични Објави