Д-Р ЈУСУФОСКИ: СО ПРОМЕНА НА ЕДЕН ИЛИ ДРУГ ДИРЕКТОР ПРОБЛЕМОТ СО КОВИД 19 НЕМА ДА СЕ РЕШИ, ПОТРЕБНО Е ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ И ГРАЃАНИТЕ

//

Потпретседателот на ГДУ д-р Енсер Јусуфоски во емисијата „168 Анализи и коментари“ на ТВ Стар, изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид 19 нема да се реши со промената на еден или друг директор, алудирајќи на смената на директорката на болницата во Охрид заради починатата пациентка од струшко.

Д-р Јусуфоски укажа дека матичните лекари треба да испраќаат пациентите, не само во Охрид, но и во другите болници во земјата и специјалистите не треба да креваат рамења и да чекаат проблемот да помине сам од себе.

„Не можат стручњаците да креваат рамења, стручњаците затоа се специјалисти, ќе ги примат, ќе направат тријажа преглед, ќе се даде помош, колку што е возможно. Не може сите да креваме раце и да чекаме ова само од себе да помине“- изјави д-р Јусуфоски.



Јусуфоски обрна внимание и на заедничката одговорност на граѓаните во овие денови на пандемија.

„Со заеднички сили, со здружени сили, со мерки што ќе ги прифатат сите и ќе ги спроведат, како граѓаните, така и системот. Не може седа да имаме полициски час, а граѓаните да реагираат ноншалантно, сепак треба да се почитуваат институционалните мерки што се преземени“, изјави д-р Јусуфоски.



Претходна статија

(ВИДЕО) КАКО ДА СЕ СОПРЕ ВИРУСОТ-УБИЕЦ?

Следна статија

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ РАМПЕЛИ ГО ТРГНА ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕ

Најново од Вести