| |

Осмото издание на Robotics Strategy Forum се одржува денеска во Софија

Осмото издание на Robotics Strategy Forum се одржува на 10 септември во Софија Тех Парк, со учество на претставници од бугарската индустрија, роботиката, автоматизацијата, вештачката интелигенција и технолошкиот сектор, јавува БТА.

Годинешната тема е „Ренесанса на бугарската индустрија“, а форумот официјално беше отворен во 9:30 часот.

Програмата опфаќа индустриска вештачка интелигенција, роботика, автоматизација, авијација, електроника, 3Д-печатење и развој на бугарското производство. Во изложбената зона учествуваат повеќе од 50 иновативни компании.

Во рамките на форумот се одржува и иницијативата Additive Days 2026, посветена на адитивното производство и практичната примена на 3Д-технологиите во индустријата, науката и образованието.

Слични Објави