Во Цариброд се отвора канцеларија на здружението „Културна алтернатива Цариброд“
Канцеларија на здружението „Културна алтернатива Цариброд“ ќе биде официјално отворена на 10 септември во Цариброд, Србија, соопшти организацијата. Церемонијата ќе почне во 11 часот по локално време, јавува БТА.
Новиот простор е наменет за средби, иницијативи и активности за поддршка на Бугарите во Србија, со акцент на зачувувањето и промовирањето на бугарскиот јазик, култура и идентитет.
На отворањето се очекува да присуствуваат бугарскиот амбасадор во Србија Ангел Ангелов и генералниот конзул во Ниш Димитар Иванов. Ќе бидат прочитани и поздравни обраќања од бугарскиот премиер Румен Радев, Народното собрание и министерката за надворешни работи Велислава Петрова.
Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Бугарија преку програмата за поддршка на бугарските заедници и организации во странство.
„Културна алтернатива Цариброд“ е основана на 4 септември 2024 година и работи во областа на културата, науката, образованието, уметноста, издаваштвото и преведувачката дејност меѓу Бугарија и Србија.
