| |

Колку изнесува просечната плата во сферата на образованието во Бугарија

Од 1 септември минималната плата во сферата на образованието во Бугарија изнесува 1.486 лева или малку над 700 евра. Ова е зголемување од 5% во однос на претходното покачување на платите на просветните работници, јавува Money.bg.

Така, минималната плата за виш наставник и виш воспитувач ќе изнесува 1.533 лева, а за главен наставник и главен воспитувач – 1.592 лева. Соодветно повеќе од 750 евра. За заменик-директорите предвидени најмалку 1.675 лева (над 800 евра), а за директорите – 1.810 лева (малку над 900 евра).

Според Salary Ehrlorer, просечната плата во сферата на образованието во Бугарија изнесува 3.500 лева (околу 1750 евра), а максималната плата е 6.390 лева (околу 3150 евра).

Во Романија просечната плата во образованието изнесува малку повеќе од 1800 евра. додека во Србија просекот се движи околу 1200 евра. Просветните работници во Грција добиваат во просек 2580 евра, додека во РС Македонија според Money.bg, просветарите земаат во просек околу 48.800 МКД.



Слични Објави