| |

(Видео) Бугарин роден во Скопје ја создал една од најголемите болници во Бугарија

Живот на крстопат, што поминува низ балканските земји – вака може да се опише животот на еден од најпознатите ортопеди во Бугарија – д-р Христо Мазнејков. Роден е на 20 јуни 1956 година во градот Скопје, Северна Македонија, а денес е сопственик на шестата по големина болница во Бугарија – „Св. Софија“. Ја изградил од темел, но на прво место во неговото срце секогаш останува љубовта кон Бугарија, Хипократовата заклетва и почитта кон пациентите.

Историјата на неговото семејство е исклучително интересна, „како што е и историјата на многу луѓе од Македонија, вели ортопедот.

„ Мојот род татковата страна почнува од Коста Мазнејков Војводата – нарекуван „Даскало“, кој дипломирал „Бугарска филологија“ на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. После тоа се вратил во Струмичко-радовишко, и почнал да предава бугарски јазик. Тогаш воопшто немало македонски јазик.

Во тоа време, еден од локалните Турци – бегови, силувал една мештанка Бугарка. Прадедо ми не издржал, отишол и го убил. По убиство, тој станал комита и формирал група од 20 до 40 луѓе. Турците знаеле дека во Македонија се подготвува Илинденско-Преображенско востание и испратиле редовна војска, која најпрвин ја уништила четата на мојот прадедо. После тоа е убиен и Гоце Делчев, кој бил меѓу главните организатори на востанието“, вели д-р Мазнејков.

Докторот додава дека во болницата „Св. Софија“ денеска работи и д-р Разбојников – еден од потомците на Христо Разбојников, кој го наследува Гоце Делчев и ја продолжува работата по организирањето на востанието.

„По востанието започнал масакрот врз целото семејство Мазнејкови. Тогаш татко ми избегал од Македонија и се населил во регионот Рупел – Рупел е првото село до границата, по Кулата (поранешно село во Република Грција, сместено на територијата на Синтика, регион Централна Македонија) . Татко ми бил многу интелигентен, па семејството решило да го испрати да учи бугарски јазик во бугарската гимназија во Петрич, земајки две години за една за да ги заштеди парите на татко му. Потоа преку Информбирото заминал да студира агрономија во Загреб.

Откако татко ми завршил агрономија, отишол да работи како агроном во Скопје. Многу брзо напредувал и станал шеф на „Паркови и зеленило“ во градот.

Еден ден кај него дошле некакви луѓе и му кажале: „Димитар има проблем“. Ти си Бугарин!“. Татко ми гордо им рекол: „Да, јас сум Бугарин“, на што тие одговариле: „Да, но мора да станеш Македонец“. И откако тој категорично одбил да се запише како Македонец, почнало малтретирањето врз него – го ставиле во затвор година и пол, каде што бил подложен на нечуени измачувања. Сите тогашни мачења во затворите се опишани во книгата на Блага Божинова „Исповед од титовистичкиот „Рај“.

Татко ми бил ослободен од затвор само четири месеци, а за тоа време ја запознал мајка ми и така сум се родил јас. Во тие четири месеци повторно го терале да се запише како Македонец, но тој категорично одбил и повторно го ставиле во затвор, овој пат за година и 4 месеци. По издржувањето на казната, тој бил екстрадиран во Бугарија. Во тоа време во Скопје сум се родил јас. Дедо ми – татко на мајка ми, и наредил да оди во Бугарија, за да бидам одгледан од двајцата мои родители.

Мајка ми е од Костур. Нејзиното семејство е исто така многу разновидно. Мојот друг прадедо – таткото на дедо ми – беше Бугарин. Живеел во бугарското маало и ги снабдувал бугарските партизани со храна. Грците го предупредиле да не им дава храна на партизаните, но тој не ги послушал, па го однеле во станица и го убиле. Поради оваа причина, моите баба и дедо избегале во 1946 година и отишле да живеат во Пловдив. Истата година кај нив отишле високи функционери и им рекле: „Вие не сте Бугари, вие сте Македонци, одете си“, и ги протерале. И бидејќи семејството се состоеше од повеќе од 20 луѓе, сите беа градежници, срушија се што беше изградено и отидоа да живеат во Македонија“, се сеќава д-р Мазнеиков.

Денес, гледајќи назад во времето, еден од водечките бугарски доктори по ортопедија се присетува и ги споделува славните страници на семејната историја и зборува со голема љубов за Бугарија.

Слични Објави