|

Лукашенко понуди да организира средба меѓу Путин и Бајден во Минск

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко го покани американскиот претседател, Џо Бајден во Минск, велејќи дека е подготвен да организира средба меѓу американскиот лидер и рускиот претседател, Владимир Путин.

„Дури и Путин ќе одлета во Минск, за да можеме да се сретнеме овде – двајца ‘агресори’ и еден ‘мирен’ претседател. Зошто да не? Да ја завршиме војната“, рече Лукашенко, чие обраќање пред странските и белоруските новинари го пренесува државната новинската агенција „Белта“.

Лукашенко му гарантира на Бајден „целосна безбедност и удобност“ во Минск.

„Важно е да си замине задоволен. Ќе видиме каков ќе пристигне“, рече Лукашенко.

Сепак, белорускиот лидер изрази сомнеж дека неговиот американски колега ќе ја прифати поканата, но нагласи дека посетата би била вредна за да се запре војната и да се спречи убивање на луѓе“, пренесе ТАСС.

„Тој ќе остане во Полска, бидејќи таа е хиената на Европа и денес генерално игра најактивна улога во ескалацијата на војната во Украина. Полска вреска најгласно, дури и погласно од Американците“, додаде Лукашенко.

Бајден од 20 до 22 февруари ќе ја посети Полска, каде ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Слични Објави