|

КОРОНАВИРУСОТ Е ОПАСЕН И ЗА МЛАДИТЕ- ПОЧИНА ИТАЛИЈАНЕЦ НА 34 ГОДИНИ

Емануел Ренци на 34 од Рим починал по брза компликација, откако се заразил со коронавирусот, објавија италијански медиуми.

Емануел бил примен на интензивна нега во клиника во Рим, но починал шест дена подоцна.

Ренци отпатувал во Барселона од шести до девети март и при враќањето од Шпанија се почувствувал лошо.

Сепак првиот ден по одморот Емануел се вратил на работа во Центар за повици. Првично имал температура и откако тестот за корона се покажал позитивен, тој бил примен во болница.



Слични Објави