|

Радев до Нехамер: Бугарија ги мобилизираше сите свои ресурси за да се спротивстави на миграциските притисоци

Бугарската држава ги мобилизираше сите расположливи ресурси за да го издржи невидениот миграциски притисок долж границата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во телефонски разговор со канцеларот на Австрија Карл Нехамер, јави неговата прес-служба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Румен Радев истакна дека приливот на мигранти во Бугарија е многукратно зголемен во споредба со минатата година. Без разлика на обемот на работа и исцрпеноста на службениците кои ја чуваат границата, тие успеваат да се справат со постојаниот притисок. За да се спротивстави на протокот, Бугарија испрати помошни патроли и технички средства, испратени се дополнителни службеници за спроведување на законот и бугарски воен персонал, му соопшти бугарскиот претседател на австрискиот канцелар.

Бугарија е благодарна за поддршката на Европската Унија. Но, Софија очекува признавање на постигнатото и солидарност од нејзините европски партнери со прифаќањето на Бугарија во Шенген без натамошно одлагање, рече Румен Радев. Тој посочи дека блокирањето на Бугарија за Шенген зоната ќе има демотивирачки ефект врз органите на редот, кои продолжуваат професионално да ги извршуваат своите должности.

Извор: zoom.mk

Слични Објави