Ако паркирате на зонски паркинг во Тетово ќе треба да платите 40 денари од час, во спротивно ќе треба да платите 1500 денари за блокатор на тркалата, јавува ТВ 21.
Од овој месец тие кои ќе паркираат на место каде што нема зонско паркирање, ќе им биде поставен блокатор од претпријатието Паркинзи.
Оние кои нема да ја платат казната ќе се соочат со судски постапки.
Овие одлуки почнуваат да се спроведуваат од овој месец.