|

Одморалиштето  „Албена“ го прослави својот 55 роденден со 11.000 туристи

Одморалиштето  „Албена“ го прослави својот 55-ти роденден со 11.000 туристи, а најголем број на туристи доаѓаат од Скандинавскиот полуостров, изјави за БТА директорката на комплексот Маринела Цанева. Таа додаде дека сите хотели кои ги отворија вратите на територијата на одморалиштето за летната 2024 сезона се уште работат и ќе продолжат, бидејќи има 100% исполнетост на целиот комплекс.

„Бугарските и романските туристи го задржаа нивото на  посети од минатата година. Се зголемуваат туристите од Скандинавските земји, Франција, Чешка, Полска“, рече Цанева и додаде дека има пораст на туристи во однос на минатата година и темпото на работа закрепнува, а туристичкиот проток ги достигнува своите предпандемиски нивоа.

Таа додаде дека во одморалиштето моментално работат околу 2.100 вработени, од кои една третина се странци. Меѓу нив има граѓани од Непал, Бали, Индонезија, два кујнски екипи од Турција и работници од Киргистан.

Маринела Цанева истакна дека за следната сезона се планира реновирање на различни делови од комплексот. Целосно ќе се реновира хотелот Борјана, кој од комплекс со три ѕвезди ќе стане комплекс со четири ѕвезди. Инвестицијата во него нема да биде само од акционерското друштво Албена, туку и од германскиот “Дер Туристик”. Директорката дополни дека хотел Добруџа, кој е симбол на комплексот ќе биде со променет дизајн. Хотелот Арабела,  се очекува да биде следниот хотел со пет ѕвезди. Наредните две-три години ќе бидат реновирани барот на плажата “Кариби” и местото за кампување “Горска феја” .

Директорката додаде и дека „Албена“ е генерално мирно и тивко одморалиште, а туристите претпочитаат хотели на прва линија и со повисока категорија, а забележано е дека побрзо го пополнуваат капацитетот од другите локации.

„Хотелите со пет ѕвезди на Албена ќе бидат домаќини на различни настани во текот на годината. Програмата вклучува многу спортски и конгресни настани кои започнуваат по активната сезона. Спа центарот работи во текот на целата година“, нагласи Цанева.

Новата летна сезона за „Албена“ ќе започне веќе во април следната година, кога осум хотели ќе ги пречекаат гостите од Австрискиот пензиски клуб. Маринела Цанева рече дека се враќаат по пауза од неколку години, а сега ќе останат тука пет недели.

Од август започнаа туристичките изложби во Германија, каде со свое присуство е и одморалиштето, а ќе биде вклучено и во други сличнииницијативи и во други земји.

Според согледувањата на Маринела Цанева, повеќе од 4.000 луѓе го следеле концертот на Васко Василев по повод празникот на одморалиштето. Слаткарските екипи на одморалиштето ги подготвија осумте торти на кои пишуваше „Албена 55“ и кои им беа поделени на гостите. На гостите на прославата им се придружија и познати производители на сладолед.

На 24 август, кога е и роденден на одморалиштето „Албена“, Бугарската телеграфска агенција одржа завршна конференција за проектот „Европа на Балканот: Заедничка иднина“, на која учествуваа претставници на институции од Турција, Република Северна Македонија, Србија, Романија и Бугарија. Во хотелот „Амелија“ беше претставено изданието на списанието ЛИК „55 години нашата Албена во нас“, кое е посветено на истоименото одморалиште.

Фото: БТА

Слични Објави