Бугарско-украинската продукција „Крајот од реката“ е единствениот бугарски филм што учествува во „Љубовта е лудост“
Филмот „Крајот од реката“, бугарско-украинска продукција е единствениот бугарски филм што учествуваше во натпреварувачката програма на Меѓународниот филмски фестивал „Љубовта е лудост“.
Режисерот на филмот, Васил Барков е Бугарин од Бесарабија и заедно со својот тим ги помина предизвиците на пандемијата, а сега и војната во Украина.
Ова е негово деби во долгометражен филм. Дипломирал на НАТФИЗ „Кр. Сарафов“ кај Владислав Икономов. Местото каде што се одвива приказната во филмот е Вилково, кое се наоѓа во близина на родното село на Барков и се што е прикажано во продукцијата и во моментот е така.
„Крајот од реката“ е филм кој ќе ве натера да размислите за животот, каде една несреќа може целосно да го промени човекот. Ова е слика со отворен крај.
На гледачот му е оставена можноста самостојно да го заврши заплетот и да размислува за искуствата на личноста која, под трагични околности, можеби го зела највредното нешто од друга личност и е принудена да живее со каење.
Но, во исто време ја стекнува смислата на животот запознавајќи се со својата вистинска љубов и чувствата на претстојното татковство“, нагласи режисерот и продуцент на филмот, Васил Барков.
Во филмот учествуваат бугарски и украински актери. Во главната улога е бугарскиот актер Пенко Господинов. Главната женска улога ја имаше Екатерина Молчанова од Одеса. Во филмот играат и други украински актери меѓу кои Сергеј Денга и Георги Делиев. Сценаристи се Марин Дамјанов, Владимир Филипов и Васил Барков. Дизајнер на продукција е Владимир Филипов, а кинематографер е Виталиј Запорожченко.
Фото: БНР