| |

Ф. ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ: ОДЛЕЖЕТЕ СИ МАШКИ

„Иако новинарите никогаш не ги видоа со лисици на рацете, ниту поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, ниту бизнисменот Орце Камчев, сепак легендата вели дека неколку месеци и тие поминаа во притвор. А најмногу во притвор помина поранешниот министер Миле Јанакиески, кој речиси и да нема случај, а да не е обвинет. Еден обвинет го бранат по неколку адвокати кои ги искористија сите права што им ги дава законот на обвинетите“ , пишува во коментар, новинарката на дневниот весник „Независен“, Фросина Факова-Серафиновиќ.

„Никој од нив не е правосилно осуден на затворска казна, но не го издржаа ни притворот кој им се одредуваше повремено, а им се укинуваше волшебно.
Пред да почнат судските процеси поранешната министерка, Гордана Јанкулоска остана бремена и во ниту еден случај не и беше одреден притвор, за разлика од притвореничката, поранешна вработена во А1 телевизија и обвинета во случајот „Пајажина“, која го изгуби бебето во Шутка“, пишува уште Фросина Факова-Серафиновиќ.

Слични Објави