ВО АВСТРИЈА ОНОЈ ШТО НЕМА ДА ПРИМИ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ НЕ МОЖЕ ДА ДОБИЕ РАБОТА

Австриската покраина Салцбург во болниците и во домовите за стари лица ќе вработи само луѓе што биле вакцинирани против Ковид-19.

loading...

„Во нашите болници де факто веќе постои обврска за вакцинирање бидејќи статусот на имунизација се проверува пред вработувањето и вакцините што недостигаат мора да бидат примени подоцна“, објасни секретарот за здравство и потпретседател на покраината Салцбург, Кристијан Стекл.

Тој во изјавата за виенскиот неделник „Профил“ рече ова ќе се применува за време на новото вработување кога ќе се појави вакцината против коронавирусот.

Стекл сака задолжителна имунизација против коронавирусот не само за болниците и домовите за стари лица туку и за вработените во градинките и училиштата во Салцбург.


loading...

Тој нареди проверка на законските можности.

Сепак, не постои можност за воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за речиси 15.000 лица што во моментот се активно вработени во болници и во домови за стари лица.