ВО ПРОБИШТИП ДЕНЕС СЕ ОТВОРА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА

Компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип од денеска официјално започнува со работа, а станува збор за странска инвестиција од 15 милиони евра. На официјалното отворање на леарницата ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Станува збор за леарница која по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија треба да изработува делови за автомобилската индустрија.

Се очекува вкупна бројка од 300 вработувања, од кои 150 во првата фаза. Околу 50 работни места се резервирани за лица со високо образование.

Инвестицијата се простира на површина од околу осум хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни.