ДОДИК МУ ЧЕСТИТАШЕ НА НОБЕЛОВЕЦОТ ХАНДКЕ
Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик му честиташе на австрискиот писател Питер Хандке за добивањето на Нобеловата награда за литература, истакнувајќи дека тоа големо признание му припаднало на голем писател и хуманист.
„Нобеловата награда дојде во вистинските раце, затоа штостанува збор за писател чијшто целосен книжевен опус е од исклучителна вредност и резултат на неговиот незаменлив талент, дело и креативност“, вели Додик во честитката.
Тој нагласи дека книѓевноста на Хандке, како што би рекол Иво Андриќ, не е „отруена од омраза, туку водена од широчината и спокојството на слободниот човечки дух“.
Додик истакна дека покрај тоа што е писател, Хандке е исто така голем хуманист и борец за вистината и правдата.
Извор: Макфакс