Многу се сакаме!

//

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов

Кога ќе се истовари денеска „фантастичната тројка„ среде Софија, за среќа нема да се сретне со „клетиот„ Каракачанов. Не е предвидено ниту „да се оствари средба„ со неговиот наследник во актуелниот владин состав. За среќа. Доколку беше поинаку, можеби некој ќе ја прашаше „фантастичната тројка„ – а зошто ги игнориравте безмалку сите покани за обуки и доусовршување,зарем не ве предупредувавме постојано дека мнозина во вашиот безбедносен систем нема да се квалификуваат за безбедносни сертификати од НАТО?

Зарем не ви сугериравме,ако не сакате во Бугарија,сторете го тоа во Хрватска,Словенија…каде сакате,ќе имате сериозен проблем кога ќе станете членка на НАТО. – „Нашава тројка„ можеби ќе се „вадеше„(па и онака тоа го прават) на отсутната министерка, на „обврските од Рамковниот договор„ на нашите „евроатлантски аспирации„ на коалициската рамнотежа, но никако и за тоа за што веќе презеле обврска!?

Се разбира,не дека недостасуваа понекогаш несмасни изјави од Софија, но по правило тие беа од политичка природа и во поголемиот период,воопшто немаа практична имликација. По правило, ако две земји ја совладаат недовербата во најважниот, во најтаинствениот сегмент, во националната одбрана и безбедноста,тогаш „цивилниот„ сектор полесно доаѓа до израз. За жал, во овие безмалку четири години,тој сектор, раководен од Скопје воопшто не се прослави. Напротив. Сега одново следи серија извинувања од сменети воени и цивилни лица,се рабира само на дипломатските приеми. Тешко се рационализираат некои работи, особено од одредени надмени структури на кои пред носот секоја бараба со меѓународна потерница без напор си снабдувала патни и лични документи.



Во меѓувреме,можеби „евроинтеграцискиот„ министер ќе претрча до Студентскиот град во Софија. Испитната сесија е почната и некои факултети имаат испити со физичко присуство. Можеби ќе ги повика студентите „да се вратат дома„ да не ги изложуваат и родителите и бугарската влада на трошок, тој тоа го знае од прва рака. Тој е само на наш трошок. Ако не успејат да ни подметнат некоја ретуширана фотографија(овој пат без Анѓушев) не ни останува ништо друго,освен да се надеваме дека премиерот имал барем симпатија од Петрич или Сандански!

Претходна статија

(Видео) Средба Борисов-Заев во Софија

Следна статија

Стефан Јанев: Ни треба дијалог и разбирање за нашите односи, врз основа на заедничките интереси да градиме заедничка иднина

Најново од Истакнато