КУМАНОВО ГО ЗЕДЕ ПРИМАТОТ НА СКOПЈЕ ЗА НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА

Вести Истакнато Македонија

Утрово и синоќа Куманово беше најзагаден град во Македонија. Нивото на ПМ десет честичките во моментов се неколкукратно зголемени и изнесуваат 242 mg/m3. Синоќа, пак беа уште повисоки и се движеа од 411 до 380 mg/m3. Овие податоци покажуваат дека Куманово го презема првото место за најзагаден град во Македонија од главниот град Скопје. Во доцните вечерни часови во Куманово мирисаше на чад, но се ширеше и специфичен продорен мирис.