ЗАЕВ:ПОНУДИВ ОСТАВКА ИЛИ ПОДЕЛБА НА МАНДАТОТ СО ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДА УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ, НО ТИЕ БАРАА ДРУГО

//

На оваа лидерска средба понудив лепеза од можности, што значат одговорност од сите политички партии. Прво понудив, ако опозицијата обезбеди 300 илјади гласови против на референдумот, да можат да бират кога да има избори, дали со претседателските, дали крајот на 2019, тие да одберат. Не прифатија и гарантираа дека нема да повикуваат на бојкот-изјави Заев во отвореното студио на 1ТВ. Заев понудил и поделба на мандатот по успешен референдум за да се одработи за државата. При неуспешен референдум Заев понудил и оставка но и тој предлог не бил прифатен од опозицијата. Премиерот објави дека главната цел на опозицијата била индиректна амнестија за случаите на Специјалното Јавно Обвинителство. Според Заев од опозицијата барале промени во членот 353 од Кривичниот закон и членот 165 а, а имено да се одговара за директна одговорност, а не за службена таква. Од опозицијата побарале и промени за тоа кога делата застаруваат. Според Заев тоа ќе влијае негативно на околу 10-11 предмети на СЈО и значи индиректна амнестија.



Претходна статија

ЗАЕВ: ГОРД СУМ ШТО СУМ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР ШТО ГО ЧЕСТВУВАЛ ИЛИНДЕН ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БУГАРИЈА

Следна статија

ГОРДАНА ВИНЧИЌ: ЗА ДА ТВОРИШ ВО ОВОЈ НЕСИГУРЕН СВЕТ ТРЕБА ДА БИДЕШ МАЛКУ ЛУД

Најново од Вести