АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС

//

Американскиот Сенат со резолуција го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името. Во резолуцијата се подвлекува позитивниот ефект од зацврстувањето на билатералните односи за доброто на двете држави. Според неа, Договорот ја потврдува стабилноста во југоисточна Европа, што е од голема важност за безбедносните интереси на САД.

„Ги осудува напорите на Владата на Руската Федерација да ги наруши овој договор и поддршката на САД кон властите на Атина и Скопје да се справат со раширеното руско влијание“, велат сенаторите.

Тие ја охрабруваат Македонија „да продолжи да ги имплементира важните реформи, со цел да влезе во НАТО и во Европската унија, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на заштита на слободата на изразување, зацврстување на владеење на правото и борба против корупцијата“.



Резолуцијата, исто така, ги повикува Одделот за трговија на САД и Стејт департментот, како и други релевантни агенции ди ги поддржат американските компании, кои се заинтресирани да инвестирааат во југоисточна Европа.

 

Претходна статија

ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ УБИЕН ВО АВГАНИСТАН: ТАМУ РАБОТЕЛ ЗА СЕМЕЈСТВОТО, А ОСТАВИ ДВЕ ДЕЦА СИРАЧИЊА

Следна статија

МИЦКОСКИ: НЕКОЈ СВЕСНО ЗАБОРАВА ДЕКА МАНДАТОТ ЗА ВЛАДА ГО ДАВА НАРОДОТ

Најново од Вести