ИСКРШЕНА ДВОЈАЗИЧНАТА ТАБЛА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ ВО СТРУМИЦА

/

Синоќа е искршена таблата на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица, која е неодамна поставена и е испишана на македонски, албански и англиски јазик, јавува Лидер.

На местото на настанот увид врши полицијата, а до парчињата од таблата може да се забележи камен, со кој најверојатно е искршена таблата.

Според директорот на Завод Музеј-Струмица, Ацо Манински, таблата во саботата вечерта била испрскана со спреј, а кршењето е извршено синоќа.



Манински информира дека во непосредна близина на таблата постои заедничка чуварска служба, која вчера пријавила дека таблата е испрскана со спреј, но не е забележано кршењето на плочата.

Претходна статија

ВО КАРАНТИН ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ОКОЛУ 380 СТРАНЦИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ ПОВРЕДЕНИ ОД ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО БУТЕЛ

Најново од Вести