| |

(ВИДЕО)ТРАГЕДИЈА ВО УКРАИНА: 22 ВОЕНИ ЛИЦА ГО ЗАГУБИЈА СВОЈОТ ЖИВОТ ВО ПАД НА ВОЕН АВИОН

Во пад на украински воен авион, во Харковската област, загинаа најмалку 22 лица, соопштија украинските власти. Во авионот Ан-26 имало 28 лица.

„Според прелиминарните информации, во авионот имало 28 лица, од кои седуммина офицери и 21 кадет на воената академија. За жал, 22 лица се загинати, а има двајца преживеани, од кои едно е во критична состојба. Судбината на четворица други засега  е непозната. Се молиме за нивниот живот и даваме брза помош , напиша шефот на регионалната државна управа, Алексеј Кучер, на Телеграм.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека денеска ќе го посети Харковскиот регион.

“Итно се формира комисија за разјаснување на сите околности и причини за трагедијата. Издадов релевантни упатства на премиерот. Во тек се операции за пребарување и спасување. Утре ќе бидам во регионот Харков“, напиша Зеленски  на Телеграм.



Слични Објави