| |

КОМШИЈА НА ЈАНКУЛОСКА: СПАСОВСКИ, ДО КОГА ЌЕ НЕ МАЛТРЕТИРАШ СО ПРОВЕРКИ НА ВОЗИЛАТА

Граѓанин кој живее во зградата на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го прашува Оливер Спасовски до кога планира да им ги проверува багажниците на возилата.

„Оливер Спасовски до кога ќе малтертираш состанари на Јанкулоска со преглед на гепек во возила. Немаш можности со анализа и проценка на ризици да ја вршиш полициската работа low profile. А што ако судот со години не донесува одлука?“, стои во објавата на социјалната мрежа фејсбук.

Потсетуваме дека на 18 септември Врховниот суд ја потврди четиригодишната затворска казна за Јанкулоска и полицијата е со засилено присуство пред нејзината зграда.

Слични Објави