КРИЗА НА ИДЕНТИТЕТОТ (1)

Криза на идентитетот се дефинира како период на несигурност или конфузија во која личното чувство за идентификација станува несигурно, обично поради промена во очекуваните цели или улога во општеството. Оваа дефиниција е ориентирана кон некоја индивидуа, но може исто така и да се примени на цела една нација, а во случајот со македонската многу добро ја опшува нејзиниот крај кој што кажува дека таа обично  настанува „поради промена во очекуваните цели или улога во општеството“. Ако добро ја анализираме македонската нација и нејзината генеза не би требало да не зачуди фактот што таа се уште лута и пробува да си го најде својот пат толку години по распадот на Југсолавија.

Несомнено е дека македонската нација релативно лошо плива овие последни 30 години. Нејзиниот најголем досег во овие 30 години е тоа што некако постои и што во ерата на „светост“ на меѓународните граници сеуште не е поделена меѓу соседите. Од национална држава добиена единствена од сите републики по мирен пат, стигнавме до некоја недефинирана, полу-унитарна, бинационална, рамковна држава, со нација која што е блокирана од сите соседи кои и ја оспоруваат црквата, историјата, јазикот, па дури и името. Во целата пак таа каша попара, сепак најголемиот неуспех е тоа што самите македонци не се на чисто што се, каква е нивната историја и како да се ослободат од оковите на минатото. Ако споровите со соседите се наметнати, барем самите македонци можеа да расчистат со демоните од минатото, да ја согледаат историската вистина и самоуверено да ја прифатат и да тргнат напред. Тоа лутање е лесно видливо. Само прашајте ги македонците за историјата и ќе најдете барем 2 големи кампови антички и словенски. Покрај нив имаме и уште неколку помали „подкампови“ АСНОМски, ВМРОвски,бугарофислки, србомански, па дури и лудаци што веруваат дека биле вонземјани со млечно бел тен и 2-3 метра висина (цитат од Атанас Пчеларски).  Со кратки зборови 2 милиони луѓе – 2 милиони верзии за тоа што се и какви се македонците, а со секоја нова власт се менува и официјалното толкување и државната политика која што произлегува од тоа.

Зошто е тоа така? Што е тоа што е толку уникатно во македонската историја? Коренот на проблемот можеме да го најдеме во самата појава на македонизмот. Македонизмот е појава на македонско национално чувство или политички сепаратизам. Постојат разни верзии на македонизмот и различни периоди кога тој се појавил. Првите негови корени се кон крајот на 19тиот век, а критичната маса која што е подготвена да го прифати се појавува во перидот меѓу двете светски војни. На почетокот кај некои се јавува само како политички сепаратизам поради меѓународните фактори кои забрануваат било какво обедувнивање на бугарите. Во овој вид спаѓаат и раните социјалисти кои веруваат во посебна македонска федерална единка во рамките на некоја Балканска Федерација.
Паралелно се појавува и просрпски македонизам (кој во иднина ќе изврши силно влијание врз пројугословенскиот) кој е спонзориран од Новаковиќ за да се сузбие бугарската национална идеја во Македонија. Уште тука гледаме дека самиот македонизам е „каша попара“ и не постои една идеја. Тоа се оригиналните форми на македонизмот, но во тој период позади нив нема критична маса која што е подготвена да ги прифати.


Подоцна во периодот после Првата Светска Војна се појавувааат и другите форми на македонизам кога оригиналните два еволуираат, а народот уморен од разните борби, асимилации и крвопролевање сака да биде оставен на мира од соседите. Додека просрпскиот македонизам нема повеќе поента да се крие и поминува во отворен србизам, се случуваат значајните еволуции на политичкиот сепаратизам, а посебно социјалистичката идеја. Заедничко на двете политички сепаратисички струи е фактот што на сите им е јасно дека обединување со Бугарија нема да биде можно, но во целост разликуваат која е најдобрата алтернатива.

Автономистите одат чекор подалеку во својот политички сепаратизам и наместо автономија бараат целосна независност на Македонија. Тие остануваат верни на своето етничко бугарско потекло и нивната цел е заштита на истото во држава на еднакви народи, бугари, албанци, турци, грци итн.
Социјалистите генерално се приклонуваат кон кампот на Коминтерната која што решава да го затвори македонското прашање со формирање на нова македонска нација во рамките на некава поголема социјалистичка федерација. Оваа е струјата која што ја однесува конечната победа.

Идејата на комунистите е да го затворат едно од поголемите прашања во Европа кое што е нерешено уште од Берлинскиот конгрес со прогласување на сепаратна македонска нација со свој јазик сосем поинаква етнички и јазично од соседните. Таа нова нација би бил пример за социјалиситчкиот рај и коегизстенција на до вчера завојувани народи кои буржоазијата ги спортиставувала за своите себични интереси според принципот раздели па владеј. Нацијата според комунистичката идеологија е творба на буржоазијата и како таква таа е нешто што ако треба може да се разбие и дава предност на интернационализмот. Со такво размислување креирање на една нова нација од ништо е сосема нормален процес. На таков начин тие со еден удар ќе убијат 2 муви. Од една страна ќе ги разбијат најголемите и најсилните национални идентитети за да може полесно да се владее со нив и од друга, ќе се создадат нови нации чија примарна лојалност би била кон големите наднационални социјалистички држави. Како што го буткаа проектот на македонска нација, на ист начин комунистите ги форсираа создавањата на нови нации секаде каде што историските прилики дозволуваа такво нешто. Па така комунистите испрофилираа нови нации во 20иот век како што се белоруската, црногорската, бошњачката, македонската, молдавската, украинската и др.

Тука и всушност лежи проблемот на македонскта нација и зошто таа сеуште плива релативно неуспешно и после 30 години самостојност, а како таква воопшто и не е исклучок. Ако ги видиме другите набројани нации, ќе видиме дека се работи за политички нестабилни држави, со кризи на идентитетот, без јасна политичка визија каде би припаѓале и во дел од нив сеуште имаме и активни воени конфликти. Тоа не би требало да не изненади затоа што тие нации се создадени во „спорни“ региони каде што конфликтите се многу постари од пред 30 години. Во исто време тие нации комунистичките режими ги обликуваа да бидат составен дел од поголемите наднационални држави СССР и СФРЈ. Како да знае опстојува таа нова нација кога со децении после нејзиниот настанок нејзиниот идентитет е обликуван да биде дел од нешто поголемо? На некои места пак новиот национален идентитет не е во целост прифатен и дел од народот сеуште држи врска со старите идентитети и тие нации се растргнати помеѓу новиот и стариот идентитет и припадниците на тие кампови и ден денес имаат страшно различни гледишта што е нивната нација и каде треба политички да припаѓа.

(Продолжува)

Автор: Маузер