Нешков: Треба да има нормална инфраструктура меѓу РС Македонија и Бугарија

//

„Веќе 30 години политичарите ни ветуваат Коридор 8, железничка пруга а сега новата власт ветува и авионски врски. Јас 30 години очекувам елементарна патна врска помеѓу двете земји. 30 години тоа е најпримитивната и најзаостанатата патна врска меѓу двете земји“, изјави новинарот Љубчо Нешков во однос на инфраструктурата меѓу Бугарија и РС Македонија во етерот на БТВ радио.

„Премиерот на Северна Македонија ноќва патувал 3 часа. А знаете како патуваат колите на државниците, со придружба. Тоа не се патишта , тоа се селски патеки. Секој кој што ја поминува границата знае дека таму е разорано. Политичарите се тие што треба да ја градат таа инфраструктура и додава дека работите навистина се трагични и ништо не се прави. “



Според Нешков политичарите од двете страни на границата покажале достоинствено однесување во овие трагични моменти.

Претходна статија

Бугарија не ја менува позицијата во однос на РС Македонија и ЕУ

Следна статија

Бугарски експерт: Пожарот во автобусот избувнал во предниот дел, имало експлозија

Најново од Вести