| |

Царинската управа истражува кој го пуштил автобусот на „Беса транс“ без лиценца на „Деве Баир“

Царинската управа од утрово прави внатрешна контрола за тоа кој го пропуштил автобусот на „Беса транс“ кој бил без лиценца на граничниот премин „Деве Баир“.

„Секторот за професионална одговорност на Царинска управа од рано изутрина се наоѓа на ГП Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез на предметниот автобус. Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин“, велат од Царина.

Слични Објави